Иран го продолжи договорот со селекторот Галаноеи

Иранскиот фудбалски стручњак Амир Галаноеи  го продолжи договорот со Иранската фудбалска федерација до Азискиот куп во јануари.

Галаноеи ја предводи репрезентацијата од 2023 година, а под негово водство Иранците остварија три нерешени резултати на Светското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза.

Тие одиграа 2-2 против Нов Зеланд, 0-0 против Белгија и 1-1 против Египет.

„Галаноеи останува селектор на репрезентацијата. Веќе ги добивме неговите планови за Азискиот куп. Наскоро ќе започне подготвителниот камп на репрезентацијата за претстојниот меѓународен термин на ФИФА“, изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ.

Азискиот куп ќе се одржи од 7 јануари до 5 февруари 2027 година во Саудиска Арабија. Иран трипати бил азиски шампион, последен пат во 1978 година.

Се вчитува...