Иран се пласираше на Светското првенство, ОАЕ ги поремети плановите на Јужна Кореја

Со победата од 1-0 над Ирак, Иран се пласираше на Светското првенство во Катар 2022 година. Иранците до нова победа забележаа преку Тареми кој стрелаше во 48. минута со што стигнаа до 19. освоен бод за осигурување на директно место во следната фаза.

На прагот да го оствари истото е и репрезентацијата на Јужна Кореја која со победата од 0-1 над Либан стигна до 17. бод, но за пласманот на Јужнокорејците да не биде загарантиран денеска се погрижи репрезентацијата на Обидинетите арапски емирати која со триумфот од 2-0 над Сирија ги задржа шансите за втората позиција на три кола пред крајот на квалификациите.

Се вчитува...