Иранецот кој „пукаше“ кон публиката доби забрана за нов влез во САД!

Иранската репрезентација по само еден натпревар на СП 2026 ќе остане без еден од најдобрите свои фудбалери, Мехди Тораби, кој повеќе нема важечка дозвола за повторен влез во САД.

Тораби кој во јавноста го привлече вниманието со тоа што „пукаше кон публиката“ по прославата на головите на дуелот против Нов Зеланд, имал виза со само еднократна важност. Тој ја искористил за мечот против Нов Зеланд (2-2), а Американците сега не сакаат да му издадат нова поради неговата контроверзна прослава на голот против Новозеланѓаните, кога имитираше пукање кон присутните на трибините.

Иранците имаат ден куп проблеми на овој шампионат, а сега ќе останат и без 31-годишниот крилен напаѓач Тораби, кој без нова виза не може да настапи на преостанатите натпревари од групната фаза против Белгија и Египет, како ниту во евентуалната нокаут-фаза.

„Фудбалската федерација на Иран работи на обезбедување нова виза за Мехди Тораби“, соопштиле од федерацијата на Иран.

Ако тоа не се случи, Тораби ќе мора предвреме да го напушти Светското првенство. Досега има одиграно 51 натпревар за иранската репрезентација и постигнато седум гола.

Се вчитува...