Иранските проектили ја погодија зградата во која живее Димитрис Итудис

Како дел од одговорот на Иран на израелските воени акции, од Иран кон Израел беа истрелани околу 100 ракети, од кои некои ги погодија централните делови на земјата.

Една од ракетите паднала во непосредна близина на зградата во која се наоѓа станот на тренерот на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис.

За среќа, еден од најдобрите и најтрофејните европски тренери моментално е во Грција, каде што отпатува по завршувањето на сезоната, односно поразот на неговиот тим во полуфиналето на израелското првенство против Хапоел од Ерусалим (2-1). Според информациите од клубот, неговиот стан не бил директно погоден, но зградата претрпела штета.

Нападот се случи низ централниот дел на Израел, вклучително и Тел Авив и околината. Службите за итни случаи известија за најмалку 63 повредени, меѓу кои и две лица во критична и тешка состојба.

„Домот на тренерот не беше погоден. Во овој тежок момент ја изразуваме нашата поддршка за повредените, се молиме за безбедноста на Израел и ја повикуваме јавноста да не шири непроверени информации“, соопшти Хапоел Тел Авив.

Се вчитува...