После ремито против Нов Зеланд, иранската фудбалска репрезентација мора да ги напушти САД. Селекторот Амир Галеноеи и неговата екипа беше приморана да се врати во тренинг кампот кој се наоѓа во Мексико.
Пред Светското првенство имаше многу дебати околу тоа дали Иран треба да учествува на турнирот. За време на изведбата на химната во првиот натпревар од турнирот, стадионот беше исполнет со мешавина од исвиркувања и навивања. Селекторот на иранската репрезентација не го криеше своето незадоволство од начинот на кој беа третирани за време на турнирот и се осврна на враќањето на тимот во Мексико еден ден по натпреварот.
Тренинг-кампот на Иран беше преместен во Тихуана од Аризона неколку недели пред турнирот, и покрај тоа што сите три натпревари од групната фаза ќе ги играат во Соединетите Американски Држави. Иранците требаше да летаат за САД два дена пред секој натпревар и да се вратат ден потоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
