Ирски фудбалер стана милионер на лото

Милионерите во фудбалерот не се реткост, но младиот ирски фудбалер Кевин О’Конор за Нова Година стана милионер на многу побрз начин. Играчот на англискиот нисколигаш Престон Норт Енд доби милион евра на Националната ирска лотарија.

О’Конор среќниот тикет го добил како новогодишен подарок од својот вујко.

Се разбира дека не ја очекував наградата. Вујко ми ми купи тикет како новогодишен подарок, го испратив кај семејството да ги проверат бројките и не можев да верувам кога ми јавија дека сум добил милион евра. Засега немам никакви планови. Ќе размислам деновиве што ќе правам со парите. За мене е најважно да бидам со семејството“ – рече среќниот добитник.

О’Конор во јули годинава се пресели од Корк Сити во Престон за месечна плата од 10.000 фунти. Тој е и младински репрезентативец на Ирска со четири настапи за националниот тим.

Се вчитува...