Ирците подобри од Македонија (У-17) во првиот меч од елитните квалификации

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години загуби убедливо со 3-0 од Република Ирска во првиот меч од елитните квалификации во групата 3 која се одржува во Полска, за пласман на Европското првенство. Младите фудбалери имаа сили за едно полувреме, но во вториот дел комплетно комплетнаа и доживеаја пораз.

Избраниците на Горан Станиќ се држеа добро во првите 40 минути, а селекцијата на Република Ирска поведе од пенал со голот на Идах во 57.минута од натпреварот. По примениот гол, Македонија потклекна, па во продолжението прими уште два гола. Бренан зголеми на 2-0 во 62.минута, а третиот гол за селекцијата на Република Ирска го постигна Врајт.

Се вчитува...