Ирвинг без Дончиќ до 40+ и победа на Далас, Оклахома со историска победа од +62 поени (ВИДЕО)

Далас на домашен терен славеше против Њујорк Никс со 128-124 во НБА лигата. Далас до победата дојде без својот најдобар играч Лука Дончиќ,кој не се најде во составот.

Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Кајри Ирвинг со 44 поени, четири скока и 10 асистенции, а Тим Хардавеј Јуниор дополни со 32 поени, шест скока и четири асистенции.

Кај Њујорк, Џулиус Рендл постигна 32 поени, со шест скока и пет асистенции, а го следеше Џејлен Брансон со 30 поени и осум асистенции.

Оклахома дојде до најубедливата своја победа во историјата, триумфирајќи против Портланд со 139-77.

До триумфот беа предводени од Шеј Гилџес Александер со 31 поен, пет скока и четири асистенции, а Џален Вилијамс постигна 21 поен.

Оклахома е на првото место во Западната конференција со 26 победи и 11 порази, а Портланд е на 14. место со 10 победи и 27 порази.

Се вчитува...