Ирвинг: Не направив никакво злосторство

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг соопшти дека и дефинитивно одлучил да не се вакцинира и ги замолил сите да ја почитуваат неговата одлука. Искусниот плејмејкер не ја прими вакцината против коронавирус, поради што не може да тренира и игра за Бруклин.

Според власите во Њујорк доколку не си вакциниран немаш дозвола за влез во сала.

„Ако ме претставуваат како херој или негативец грешат. Не ми беше тоа намера. Се работи за избор за она што е најдобро за вас. Мислите дека сакам да ги изгубам парите? Дека навистина сакам да се откажам од својот сон да бидам шампион? Не треба да се делиме туку да го почитуваме изборот на секого. Секој има право да го прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Ова се луди времиња. Јас не сум антиваксер, само го правам тоа што мислам дека е најдобро за мене“, изјави Ирвинг. 

 

Се вчитува...