Ирвинг: Останав без 100 милиони долари поради тоа што не се вакцинирав

Кошаркарот Кајри Ирвинг пропушти повеќе од пола сезона во минатосезонското издание на НБА. Ѕвездата на Бруклин одбил  да се вакцинира против коронавирусот, па поради епидемиолошките мерки во Њујорк кои велеа дека невакцинирано лице не смее да влезе во затворена просторија, не може да играше во својата сала. Откако мерките беа укинати, Ирвинг играше прв натпревар за Нетс дури на крајот на март.

Ирвинг се пожали дека поради невакцинирањето останал без стотина милиони долари.

„Одлучив дека нема да се вакцинирам, и останав без четиригодишен договор вреден 100 и нешто милиони долари. Се соочив со губење на работата поради таа одлука. Се носев со емоциите додека пробував да ја обезбедам иднината на моето семејство“, рече кошаркарот. 

Тој ја активираше клаузулата на едногодишно продолжување на договорот кој му донесе 36,5 милиони евра. Нетси се обидоа да го разменат, но на крајот не успеаја.

Се вчитува...