Исклучувањето на Радески не беше пречка Струга ТЛ да има водство на полувреме

После одличната партија во првиот натпревар и „хет-трикот“, Бесарт Ибраими продолжи со гол-шоуто и на гостувањето во Луксембург против Есперанж. За напаѓачот на македонскиот првак не преставуваше проблем тоа што минута претходно неговиот тим остана со играч помалку по исклучувањето на Радески.

Мирни први 15 минути, а потоа „бура“ за само три минути. Најпрво од разочарување, а потоа и од воодушевување. Радески доби исклучување, директен црвен картон, а судијата не ја менуваше одлуката и покрај протестите на стружани. И кога се чинеше дека тоа ќе биде хендикеп, сепак, не се почувствува.

Ибраими по додавање од Згуро ја тресе мрежата на Чеканович, и го доближи тимот на Струга до плеј-офот во Лигата на Конференции. Сепак, работата не е завршена, ако се има во предвид дека Струга ТЛ има само 10 играчи во поле. Сега треба само да се одбрани, односно да не дозволи да прими повеќе од два гола и да се радува на историскиот пласман во финалната фаза во Лигата на конференции.

Се вчитува...