Иско дефинитивно заминува од Реал Мадрид, на маса неколку понуди

Според англиските медиуми, Аларкон Иско сигурно ќе го смени клубот во јануари. Зидан не смета на него, но нема толку понуди колку што очекуваше Перез. Цената на андалузиецот падна, два англиски и еден италијански клуб се единствено заинтересирани за него.

Првата опција е Јувентус.

Имено, тие имаат одличен однос со Перез, би можеле да добијат шпански репрезентативец на позајмица со задолжителен откуп.

Арсенал е друг клуб, но се чини дека поранешниот играч на Малага не е премногу заинтересиран за „топџиите“ и дека повеќе би сакал да замине кај Анчелоти во Евертон, кој би можел да се бори за Лигата на шампионите.

Главната цел на Иско не се парите, туку да обезбеди место и да игра во шпанскиот тим следното лето на Европското првенство.

 

Се вчитува...