Иско е најголемиот „лузер“ на преодниот рок: Беше договорен со Унион, но…

Наместо нов играч на Унион Берлин, Иско и натаму ќе бара нов клуб. Шпанскиот фудбалер денеска беше во Берлин, ги мина лекарските прегледи, меѓутоа трансферот нема да се случи.

Причината наводно е тоа што биле промение условите од договорот, сосема спротивно од она што било претходно договорено. Барем така велат од таборот на германскиот тим.

„Го сакавме Иско во нашите редови, но имаме и свои граници. Тие денеска беа пречекорени, спротивно од она што претходно беше договорено“, се вели во соопштението на Унион за трансферот на Шпанецот.

Се вчитува...