Иско го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година

Шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон и официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година. Тој утре ќе излезе пред јавноста заедно со директорот Емилио Бутрагењо и ќе искаже своите импресии за продолжување на соработката со „кралскиот клуб“.

Иско беше на излезна врата на „Сантијаго Бернабеу“, но при крајот на минатата сезона се случи голем пресврт, кога блесна во полн сјај во дресот на Реал Мадрид и заслужи место на стандарден првотимец. Во оваа нова сезона е веќе еден од адутите на тренерот Зинедин Зидан и игра во одлична форма.

Според новиот договор, отштетната клаузула на Иско изнесува 700 милиони евра.

Се вчитува...