Иско: Имав контакти и со Барселона, но никогаш не помислив да си заминам

Шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон и официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид, согласувајќи се да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2022 година. Со тоа се расчистија сите дилеми околу можноста тој да го напушти „кралскиот клуб“. Според новиот договор, неговата отштетна клаузула изнесува огромни 700 милиони евра.

А Иско открива дека имал контакти и со најголемиот ривал Барселона.

„Точно е, имав контакти со Барселона. Ми пријдоа раководните луѓе и ми порачаа дека сум добредојден на „Камп Ноу“. Но, искрено, ниту во еден момент не помислив да си заминам. И кога не играв, и кога ми беше најтешко, си велев дека ќе дојде времето кога ќе можам да покажам што умеам. Сега сум среќен што ги убедив и фановите, а и тренерот Зинедин Зидан со своите игри дека сум кадарен да го носам дресот на Реал Мадрид. Секако, посебна гордост ми претставува и настапот во дресот на Шпанија“, изјави Иско Аларкон.

Се вчитува...