Иско избра каде сака да игра, Зидан не го пушта

Иско се наоѓа на излезна врата од Реал Мадрид, но шпанкиот репрезентативец ги изненадил тренерот и челниците на клубот со желбата за своја следна дестинација во кариерата. Имено, одличниот плејмејкер сака да се пресели во Севилја, клуб каде тренер е Хулен Лопетеги, со кого Иско имаше одлична соработка и како тренер на Реал Мадрид и како селектор на Шпанија.

Фудбалерот дури и прифатил мало намалување на платата од осум милиони евра што моментно ја заработува во Реал, но проблем за него е блокадата на трансферот од сегашниот „шеф“ на Реал, Зинедин Зидан. Французинот е свесен дека нема да добие нови засилувања во јануари, па затоа не сака ни да чуе за заминување на Иско, кој иако не е стандарден сигурно поседува квалитет за да го реши секој натпревар дури и кога би влегол од клупата за резерви.

Втор проблем е финансиската моќ на Севилја, шпанскиот клуб може да понуди само 20 милиони евра за Иско, додека во Реал се убедени дека би добиле двојно повеќе пари кога би го продале овој фудбалер во Јувентус, или пак во некој од заинтересираните премиерлигаши.

Според моментната ситуација, се очекува Иско да остане меѓу „кралевите“ до крајот на сезонава, а потоа во летниот преоден рок дефинитивно да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...