Иско кариерата ќе ја продолжи во Англија

Шпанскиот фудбалер Иско би можел да ја продолжи кариерата во Англија, пренесуваат тамошните медиуми.

Веста дека заминува од Севиља по само една полусезона ја шокираше јавноста. 30-годишниот играч од средниот ред дојде од Реал Мадрид во Севилја ова лето како големо засилување и потпиша договор до летото 2024 година со клубот кој по 14. кола е во зоната за испаѓање со само 11 бодови.

„Марка“ сега пренесува дека е договорен прекин на соработката и дека, како што стојат работите, Иско кариерата ќе ја продолжи со тренерот со кој одлично се сложуваше во Севиља, Јулиен Лопетеги, кој сега работи како менаџер на Вулверхемптон. Лопетеги треба да дебитира за „волците“ против Евертон во понеделник.

Се вчитува...