Иско со „пеницилин“ го смири Атлетико

Реал Мадрид успеа да возврати на „Висенте Калдерон“ и постигна гол преку Иско во 42.минута, за повторно да го врати градскиот ривал Атлетико Мадрид на почеток, по почетниот шок и двата примени гола за само 15 минути. Сега на Атлетико Мадрид му се потребни уште три гола за да го елиминира „кралскиот клуб“.

Карим Бензема на фантастичен начин се ослободи од тројца противнички фудбалери, ја врати топката до Крос, кој шутираше, Јан Облак одбрани и ја одби топката, но натрча Иско и ја затресе мрежата.

Ќе бидат возбудливи и вторите 45 минути на „Висенте Калдерон“…

2-1 Isco Goal 10.05.2017 HD by dailyfootballkick

Се вчитува...