Исланѓанец ќе го наследи Штербик на голот на Вардар?

Исландскиот репрезентативец Арон Рафн Едвардсон е голманот што треба да го наследи Арпад Штербик на голот на Вардар, дознава ЕКИПА. Преговорите се во завршна фаза, а доколку биде постигнат конечен договор, тој ќе пристигне во Скопје како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со исландскиот првак ИБВ Вестманејар.

Едвардсон е прогласен за МВП играч на исландскиот ракометен шампион за изминатава сезона и имал огромен придонес во освојувањето на шампионската титула на ИБВ. Иако е релативно млад (28), тој има големо играчко искуство и досега има 74 настапи за ракометната селекција на својата земја.

Арон Рафн Едвардсон во моментов е токму на репрезентативен собир со националниот тим на Исланд, во пресрет на дуелите со Литванија. Се очекува финалните преговори меѓу Вардар и исландскиот голман да финишираат по завршувањето на неговите репрезентативни обврски.

Покрај Исланѓанецот Едвардсон, во РК Вардар треба да дојде и младиот српски голман Дејан Милосављев, а во ростерот ќе остане и Страхиња Милиќ.

Се вчитува...