Исмаили: Подготвени сме да покажаме за што се е способен тимот на Шкупи

Гоце Седлоски истакна задоволство што во тимот за утрешниот натпревар против португалската Санта Клара од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига ќе го има капитенот на Шкупи, Фатих Исмаили кој успешно ги мина подготовките и ќе биде во комбинација за настап.

А, капитенот, пак, на денешната прес-конференција потенцираше максимална подготвеност на сите во тимот за да се дојде до посакуваниот позитивен резултат.

„Максимално сме подготвени за овој натпревар. Свесни сме дека само со максимално издание на терен во текот на сите 90 минути можеме да дојдеме до позитивен резултлтат. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но верувам дека ќе покажеме за што се е подготвен Шкупи“ – истакна Исмаили на средбата со медиумите.

Се вчитува...