Саудискиот конзорциум денеска го зададе почетниот удар во борбата за купување на Челси од Роман Абрамович со тоа што испратиле понуда од 2,7 милијарди фунти за клубот погоден од кризата.
Саудиската медиумска групација е најголемата медиумска организација на Блискиот Исток, а истата е предводена од навивачот на Челси, Мохамед Алкхерејџи. Групацијата во моментов бара „поддршка во изнаоѓање финансирање и поддржувачи од саудискиот крал Мохамед бин Калид Ал Сауд“, пренесува ‘CBS’.
Понатамошниот развој на настаните веројатно ќе биде контроверзен со оглед на добро документираните прекршувања на човековите права што се случуваат во земјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА