Ист фаул, различен критериум – кога е за Реал, мора да е пенал (ФОТО)

Прекршокот на Ленгле над Рамос предизвика бура од реакции во шпанската јавност. Приврзаниците на Реал Мадрид тврдат дека контактот е и повеќе од очигледен, а арбитрите се во право што покажале на белата точка, но во целата ситуација се вклучи Бетис, откако клубот од Севилја потсети на идентична ситуација од овосезонскиот дуел со Реал Сосиедад.

Санабрија беше очигледно фаулиран на идентичен начин, со влечење за дрес, снимката тогаш беше прегледувана со ВАР, но арбитрите оценија дека немало доволен контакт за да се досуди пенал.

Очигледно, правилата различно се толкуваат кога е можен пенал за Реал или за било кој друг клуб во Шпанија.

Се вчитува...