Ист рецепт: Алвеш до Игуаин – Јуве води 0-2

Монако е на прагот да капитулира на домашен терен првпат сезонава откако „кнезовите“ на триесет минути до крајот се најдоа во негатива од 0-2 на полуфиналниот дуел со Јувентус.

Гонзало Игуаин повторно беше стрелец за „старата дама“, и повторно на асистенција на Дани Алвеш, кој извонредно го пронајде Аргентинецот на вториот дирек, а врвниот стрелец мајсторски биеше од прва крај Глик и Суботиќ, носејќи предност која значи огромен чекор напред кон големото финале во ЛШ.

Се вчитува...