Истанбул останува без финалето во Лигата на шампионите?

Репрезентативците на Турција синоќа по постигнатиот гол против Франција повторно им салутираа на турските војници кои спроведуваат офанзива на Сирија. Таа ситуација повторно предизвика бројни критики во фудбалската јавност.

Спортската јавност не им даде поддршка на Турците кои ја вмешаа политиката во своите прославувања на голови, а следуваа и безброј критики на нивна сметка. Потпретседателот на УЕФА, Микеле Ува изјави дека Истанбул би можел да остане без финалето во Лигата на шампионите поради случувањата во Сирија.

„Ќе одиграме голема улога во почитувањето на независноста и автономијата на спортот, но не можеме да ги замениме ООН, ЕУ, САД, дипломатите, амбасадорите и останатите политички институции. УЕФА ќе разговара околу финалето во Лигата на шампионите и доколку биде проблем, Истанбул ќе остане без финалето во Лигата на шампионите“, изјави Уве. 

Финалето во сезоната 2019/2020 во Лигата на шампионите е закажано за 30. мај во Истанбул.

Се вчитува...