Исто како лани – вардарки ја отвораат сезоната против ФТЦ

Ракометарките на Вардар во првиот натпревар од новата сеозна во Лигата на шампионите ќе играат против унгарскиот ФТЦ на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Идентичен старт вардарки имаа и минатата сезона кога исто така ФТЦ во првото коло гостуваше во Скопје.

Според распоредот на натпреварите во групната фаза, во второто коло, македонскиот шампион ќе му гостува на квалификантот, односно победникот од втората квалификациска група (Турингер, Хорс, Хипо или Мекалија). Потоа следуваат двата дуели со Ларвик, прво во гости, па на домашен терен, реваншот со ФТЦ и во последното коло, реваншот на домашен терен против квалификантот во групата.

Натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција стартуваат на 8-10 октомври.

Се вчитува...