Аргентина и Шпанија ќе излезат вечерва на теренот во мегдан за големото финале, Шпанците да стигнат до втората светска круна во својата историја, „гаучосите“ во обид да станат само втора земја во историјата што ја одбранила светската титула (по Италија во далечната 1938 година).
Ако се навратиме на историјата на финалните натпревари од последните светски шампионати, огромни се шансите овој меч да не биде решен по 90 минути игра.
Фановите ширум светот можат да се подготват за фудбалски маратон, ако се знае дека од последните пет финалиња, само едно било решено со 90 минути игра – она на СП 2018 во Русија кога Франција ја совлада Хрватска со 4-2.
Последното финале меѓу Аргентина и Франција во Катар беше решено со пенал-рулет во кој славеа „гаучосите“, на СП 2014 Германија ја победи Аргентина со 1-0 со голот на Геце постигнат во продолженијата, исто како и триумфот на Шпанија над Холандија во финалето на СП 2020 во Јужна Африка.
Мундијалот во 2006 година во Германија беше решен со пенал-рулет, во кој Италија со Буфон на голот славеше над Франција…
Неизвесноста е она што ги краси финалните натпревари на мундијалите, така нека биде и вечерва… па нека има 120 минути врвен фудбал, и пенали за „шлаг на тортата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
