Историја за Хамилтон: Израмнет е рекордот на Михаел Шумахер

Луис Хамилтон се израмни со Михаел Шумахер според бројот на победи во Формула 1 шампионатот откако денеска беше најдобар на трката за Големата награда на Германија. Хамилтон ја имаше втората стартна позиција зад тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас кој не ја заврши трката, па Хамилтон без многу конкуренција стигна до победата број 91 во кариерата.

За него ова е седма сезонска победа и сега е уште посигурен лидер во поредокот на возачи. Извесно е дека до крајот од оваа сезона, Хамилтон ќе постави нов рекорд во бројот на гран-при победи.

Макс Ферстапен од Ред Бул заврши на втората позиција и уште еднаш ја потврди добрата форма и статусот на единствен конкурент на Ферари. Даниел Рикиардо го пополни последното место на подиумот освојувајќи ја третата позиција. Следната Формула 1 трка е по две недели во Португалија.

Се вчитува...