Историјата се повторува: Ѓоковиќ во ждребот на Индијан Велс, чека да го примат во САД

И понатаму не е познато дали вториот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс.

Како што се случи во Мелбурн, така и сега тој е во ждребот за првиот мастерс во сезоната, но се уште чека да добие медицински исклучок за да може да влезе во Соединетите Американски Држави.

„Ѓоковиќ е на листата на тенисери и се наоѓа во ждребот. Во моментов сме во комуникација со неговиот тим. Сепак, и понатаму не се знае дали ќе настапи бидејќи му е потребно одобрение. Ќе ве известиме чим добиеме повеќе информации“, стои во соопштението од раководството на турнирот. 

Се вчитува...