Историска партија на Јокиќ за победа на Денвер над Портланд

Денвер го совлада Портланд 122-113 со уште една феноменална партија на Никола Јокиќ. Србинот стигна до 13-ти трипл дабл во сезоната, и со се искачи на листата на третото место од активните играчи со најголем број на трипл-дабл учиноци во НБА. За Јокиќ ова беше 89-ти трипл-дабл во кариерата, а пред него се само Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.

Неверојатниот Јокиќ постигна 36 поени, со 12 скока и 10 асистенции. Промаши само еден шут од игра, и еден од линијата за слободни фрлања. Испиша историја Јокиќ со тоа што по вторпат во кариерата забележа трипл-дабл со повеќе од 30 уфрлени поени, и 90 или повеќе проценти за шут од игра, што му успеало само на легендарниот Вилт Чемберлен.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – Торонто 130:122
Сан Антонио – Бруклин 106:98
Денвер – Портланд 122:113
ЛА Клиперс – Филаделфија 110:120

Се вчитува...