Историскиот гол на Циндриќ меѓу нај-потезите за една деценија Ф4 во Келн

Лука Циндриќ и неговиот гол за историската победа против Барселона во полуфиналето во 2017 година кога Вардар потоа со триумфот над Пари Сен Жермен ја освои титулата се најде во изборот на највпечатливите потези кои ја обележуваат деценијата од одржувањето на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите во Келн.

Погодокот на хрватскиот репрезентативец го одведе Вардар до финалето во кое падна и фаворизираниот ПСЖ. Годинава Вардар повторно се соочува со Барселона во полуфиналната пресметка. Триумф би го одвел во битка за нова титула против победникот од мечот меѓу Веспрем и Кјелце.

 

Се вчитува...