Финалето на Светското првенство 2026 се игра вечерва од 21:00 часот на стадионот „Метлајф“ во Њујорк.
Пресметка на Шпанија и Аргентина. Ова е прв пат во историјата актуелниот европски и јужноамерикански шампион да играат во финалето на СП, а Аргентина ја брани и светската титула освоена пред четири години.
За прв пат во финалето на Светското првенство ќе ги видиме и првиот тим (Аргентина) и вториот тим (Шпанија) според најновата ранг-листа на ФИФА пред почетокот на Светското првенство 2026.
СОСТАВИ
ШПАНИЈА: Унаи Симон – Поро, Кубарси, Лапорте, Кукурела – Родри, Фабијан Руиз – Баена, Олмо, Јамал – Ојарзабал
АРГЕНТИНА: Е. Мартинез – Монтиел, Ромеро, Лисандро, Таљафико – Де Пол, Енцо Фернандез, Мек Алистер, Нико Гонзалес – Меси, Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
