Истрагата откри зошто се случи сообраќајната несреќа во која загина Рејес

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Севилја, Хозе Антонио Рејес на 1. јуни минатата година го загуби животот во сообраќајна несреќа која го потресе фудбалскиот свет.

Едногодишната истрага откри дека Рејес никако не можел да ја преживее несреќата. Поранешниот шпански репрезентативец загина на 35-годишна возраст, откако возилото кое го управувал а во кое имало уште двајца сопатници излета од патот.

Причина за излетување од патот на Мерцедес С 550 е неприлагодената брзина и пукањето на една од гумите. Задната лева гума експлодирала при брзина од 187 километри на час, па едноставно невозможно било да се сопре возилото.

Рејес и неговиот роднина Џонатан настрадале на самото место, додека третиот член во возилото Хуан Мануел Калдерон преживеа, но заврши со огромни изгореници по телото добиени додека се обидувал да ги спаси пријателите.

Се вчитува...