Италија со санкции како и Англија: Забрана за руските тенисери во Рим?

Вимблдон е првиот турнир кој објави дека ќе забрани учество на руски и белоруски тенисери/ки на овогодишното издание.

Новак Ѓоковиќ, Андреј Рубљев, Александар Зверев, како и АТП како организација изразија незадоволство и несогласување против одлуката на организаторите на Грен слем турнирот на трева во Лондон.

Сега тоа би можел да го направи и турнирот во Рим. Италијанците наводно се подготвени да го следат примерот на Британците и да бидат дел од санкциите за спортистите од Русија, поради воениот конфликт во Украина.

Натпреварите во „вечниот град“ започнуваат на втори мај, а дотогаш се очекува конечна одлука на организаторите на турнирот.

Се вчитува...