Италијанците уште плачат: Апсурдно е бараж да се игра само на еден натпревар

Италијанските фудбалери се уште не можат да се помират со шокантниот пораз на домашен терен од Македонија, со што „аѕурите“ втор мундијал по ред ќе го следат пред ТВ наместо да бидат дел од светската фудбалска елита.

Дефанзивецот Леонардо Бонучи, кој поради повреда не настапи во Палермо, ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради системот на натпреварување и фактот дека баражите се играат на само еден меч, наместо дома и на гостински терен. Според Бонучи, тоа е неправеден систем иако Италија имаше среќа да ја пречека Македонија, но не ја искористи предноста на домашниот терен.

„Тргнавме да играме бараж на само еден меч, што е апсурно правило. За жал, системот што го избраа е таков, игравме бројни средби, а на крајот се се реши со само еден меч, со гол што го примивме во 92. минута. Тоа ни беше единствен пораз во квалификациите, додека сме сведоци како репрезентации од другите континенти одат на СП со по 4-5 порази. Тоа не е алиби, факт е дека и ние моравме да играме подобро по освојувањето на ЕП 2022, но сметам дека не е фер да се игра бараж на само една средба“, истакна Бонучи.

Се вчитува...