Ива Пројковска е прв судија од Македонија кој ќе суди во Африка

14 декември, Стадион „Беречио“ во Рабат, Мароко е историски ден за македонските фудбалски судии, па и за нашиот фудбал бидејќи Ива Пројковска ќе биде прв судија од Македонија кој ќе суди на афричкиот континент. Таа исто така  беше и прв судија од Македонија кој судеше на терените во Јужна Америка. Во Колумбија, на светското првенство фудбалерки до 20 години и во Еквадор, на Копа Америка. Во историјата на фудбалот во Македонија,  досега ниту еден судија, контролор или делегат кои се на листата на ФИФА и УЕФА не биле делегирани на терените надвор од Европа.

Во Мароко Ива Пројковска ќе биде дел од судиите кои ќе судат на завршните борби на  Светското клубско првенсто за жени како четврти судија на мечот од Втората рунда меѓу првакот нa Африка АC FAR од Мароко и првакот на Кина Wuhan JANGA, шампионот на Азија. Главен судија на овој меч ќе биде Ивана  Мартинчиќ од Хрватска, ќе и помагаат нејзината сонародничка  Сања Рожак -Каршиќ и Словенката Сташа Спур. Во првата рунда Wuhan беше подобар од клубот  Auckland United  од Нов  Зеланд, шампионот  на Австралија.

По  Мароко натпреварите за титулата на Светското клубско првенство ќе продолжат во Англија, во Лондон од 28 јануари до 2 февруари. Познати се полуфиналните двојки. Арсенал првакот на Европа ќе игра со победникот од мечот Вухан – ФАР, додека втората полуфинална средба е меѓу клубот Горам од Њу Џерси, првакот на Северна Америка и претставникот од Јужна Америка, Коринтијанс од Бразил.

Оваа  европска судиска четворка од Мароко ќе суди и во Лондон, но таму се менува распоредот на  главните судии, асистентите остануваат исти.

М.М

Се вчитува...