Ива Пројковска го судеше мечот Словачка – Украина

Нема одмор за најдобрата македонска фудбалска судијка, интернационалката Ива Пројковска. Туку што се врати од Шпанија, каде во Мадрид го судеше мечот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во Лигата на европските шампиони, замина за Словачка, каде во Прешов на стадионот „Татран   арена“ го судеше натпреварот од квалификациите за Европското првенство меѓу Словачка и Украина.

И помагаа Ирена Соклевска-Илиевски и Чери Луиза Вилијамс од Велс. Четврти судија беше Зoи Ставрoу од Кипар. Контролот на судењето Анри Саиварисио од Финска.

Натпреварот  заврши со победа на Украина со 3-1.

М.М.

Се вчитува...