Нашата најдобра фудбалска судијка, интернационалката Ива Пројковска, доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА бидејќи е одредена да го суди квалификациониот меч за светското првенство за жени меѓу репрезентациите на Шпанија и Унгарија што ќе се одигра на 2 септември во Мадрид на стадионот на Атлетико Мадрид. Ќе и помагаат Вјоса Изеири и Елена Соклевска-Илиевска. Четврти судија ќе биде Ирена Велевечковска. Ова е практично најдобрата судиска четворка за женски фудбал од Македонија.
Во текот на јули Пројковска беше дел од европската судиска елита која судеше на Европското првенство што се одржа во Англија. Ива Пројковска за првпат ќе и суди на репрезентацијата на Шпанија, но ова трет пат што ќе престојува во оваа држава, бидејќи има судено на Барселона и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА