Ива Пројковска ќе суди во Мароко

Нашата најдобра женски фудбалски судијка, интернационалката Ива Пројковска повторно ќе суди надвор од границите на Европа. Откако судеше годинава во Јужна Америка, во Колумбија и Еквадор, дојде на ред и Африка, во Мароко.

Пројковска е единствен судија од Македонија кој има судено на трите континенти освен во Европа. Таа ќе биде дел од судиите што ги одреди ФИФА на престојното Светско клупско првенство за жени.

На 14 декември, во Мароко, на садионот „Бернајо“ во Рабат ќе биде четврти судија на мечот од втората рунда, меѓу првакот на Мароко АС ФАР и шампионот на Кина Вухан. Главен судија е Ивана Мартинчиќ од Хрватска, прв помошник нејзината сонародничка Сања Рожак-Каршиќ, и двете од Хрватска, втор помошник е Словенката Саша Шпур.

По овој меч на Светското клупско првенство, Пројковска не се враќа во Македонија, веројатно ќе суди на некој друг натпревар од третата рунда, засега не се знае на кој и во која држава на 21 декември.

М.М.

Се вчитува...