Хрватскиот стручњак на клупата на Вардар, Иван Чупиќ, би можел на фантастичен начин да ја заокружи својата прва сезона како предводник на скопскиот клуб. По освојувањето на двојната круна на домашната сцена и враќањето на Вардар во Лигата на шампионите, Чупиќ сега се најде во потесниот круг на кандидати за престижното признание „Тренер на сезоната“ во Европската лига на ЕХФ.
Под водство на младиот стратег, „црвено-црните“ стигнаа до четвртфиналето во второто по квалитет европско натпреварување. Иако беа елиминирани од француски Монпелје, ракометарите на Вардар пружија силен отпор и до самиот крај на реваншот беа во игра за голем пресврт и пласман на завршниот турнир.
Конкуренцијата на Чупиќ за ова ласкаво признание е исклучително силна. Во трката за наградата се наоѓаат уште и поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо, кој сега го предводи германски Мелсунген, потоа Магнус Андерсон од Порто, како и кормиларот на Фленсбург, Алеш Пајовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
