Иван Николов ново засилување на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го доведе талентираниот играч од средниот ред Иван Николов.

19-годишниот Николов во Вардар доаѓа од редовите на Академија Пандев, а исто така е дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Вардар во сабота се враќа на обврските во Втората лига запад каде ќе игра со Воска.

Се вчитува...