Иванишевиќ: Новак дојде болен во Монте Карло…

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ говореше за својот пулен, кој по турбулетниот старт на сезоната се обидува да се врати во старата форма.

Српскиот ас сезонава настапи само во Дубаи и Монте Карло, каде настапот го заврши уште на самиот старт со поразот од Давидович-Фокина.

„Не му беше добро пред доаѓањето. Беше болен. Едноставно не беше способен да биде на 100 отсто. Пред три недели не смееше да игра тука поради ковид рестрикциите. Потоа Франција ги повлече, па тој доби шанса да тренира. Психички беше многу тешко. Искрено не очекував многу од овој турнир. Но, тој се подготвува за Ролан Гарос има уште неколку турнири до тогаш и ќе биде подготвен“, изјави Иванишевиќ. 

Се вчитува...