Ивановски брзо до четвртфинале на фјучрсот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски експресно се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Мадрид.

На турнирот вреден 15.000 американски долари, нашиот најдобар тенисер во осминафиналето рутински со 2-0 го совлада домашниот тенисер Молино, по сетови 6-4 и 6-2.

Во четвртфиналето Ивановски ќе се сретне со уште еден шпански тенисер, а се работи за Жорда Санчиз.

Се вчитува...