Ивановски: Дуелите меѓу Вардар и Работнички секогаш нудат фудбалско надигрување

По завршувањето на репрезентативната пауза, повторно во фокусот се враќаат натпреварите од Првата лига. В недела на програмата е градското дерби меѓу Вардар и Работнички, а напаѓачот на „романтичарите“, Филип Ивановски, кој во минатото беше и во таборот на „црвено-црните“, најавува возбудлива пресметка.

„Натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш имаат некое посебно значење, носат дополнителна возбуда. Тоа се дуели за фудбалско надигрување, каде решава моментната инспирација и еден добар потег. Подготвени сме за надигрување, паузата ја искористивме за да отстраниме некои детали во играта, иако не бевме комплетни поради отсуството на неколкумина репрезентативци. Очекувам добар натпревар и наше позитивно издание, и секако, позитивен резултат“, вели Филип Ивановски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...