Ивановски го заврши настапот на фјучрсот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на ИТФ фјучрс турнирот кој неделава се одржува во францускиот Тулуз.

Ивановски во второто коло на фјучрост вреден 15.000 американски долари загуби од британскиот тенисер Хари Венделкен со максимални 2-0 по сетови 6-1 и 7-6.

Македонецот првиот сет го изгуби на експресен начин. Вториот сет беше тотално спротивност. По една жестока борба која замина во тај-брејк подобро се снајде Британецот за конечен триумф.

Се вчитува...