Ивановски лесно до полуфинале на фјучрсот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот вреден 15.000 американски долари кој се игра во шпанскиот главен град, Мадрид.

Ивановски во четвртфиналето беше подобар од мексиканскиот тенисер Рубио Фиерос кој во моментов е 862. на АТП листата со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-1.

Во полуфиналето Ивановски ќе игра против Холанѓанецот, Сидане Понтјодикромо кој во моментов се наоѓа на 689. место на ранг-листата на АТП.

Се вчитува...