Ивановски поразен на стартот на фјучрсот во Трнава

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по титулата минатата недела во Мадрид, овојпат е елиминиран уште на стартот на ИТФ фјучрсот во словачка Трнава вреден 15.000 американски долари.

Ивановски во првото коло од турнирот во маратонски меч кој траеше 2 часа и 44 минути беше поразен од Чехот Павел Неједли со 2-1, по сетови 5-7, 6-4 и 6-3. Нашиот тенисер одлично го одигра првиот сет и го доби со 5-7.

Сепак, далеку поискусниот противник го искористи во продолжение уморот на нашиот тенисер кој одигра многу мечеви во последниот месец па успеа да ги добие следните два сета и да се пласира во второто коло на турнирот во Трнава.

Се вчитува...