Ивановски поразен во првото коло на фјучрсот во Тунис

Најдобриот млад тенисер, Калин Ивановски со пораз во првото коло го заврши својот настап на фјучрс турнирот вреден 15.000 американски долари кој се играше во тунискиот Монастир.

Тој на стартот на турнирот загуби од 792 тенисер на АТП листата Артур Букие. Французинот од нашиот тенисер беше подобар со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

И во двата сета, Французинот брзо стигнуваше до брејк кој успеваше да го задржи. Ивановски кој во моментов е на 1474 место на АТП листата продолжува со турнирите и во јуниорска конкуренција и во сениорска.

Се вчитува...