Ивановски со победа го стартуваше фјучрсот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со убедлива победа успешно го стартуваше новиот ИТФ фјучрс турнир во францускиот Поатје.

Ивановски во воведната рунда на ИТФ фјучрсот вреден 15.000 американски долари славеше за еден час и десет минути игра против чешкиот тенисер Метју Вилијам Доналд со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.

Во второто коло на турнирот на кој е трет носител Ивановски за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Французниот, Александре Реко и Русинот Николај Виљежанин кои денеска треба да го одиграат својот меѓусебен дуел.

Се вчитува...