Ивановски со премиерна победа во 2023 година

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски потешко од очекувањето ја стартуваше натпреварувачката 2023 година на ИТФ фјучрсот во Монастир, Тунис. Тој во првото коло на турнирот вреден 15.000 американски долари иако беше фаворит мораше да се помачи за да стигне до првата победа годинава.

Тој во воведниот меч славеше против Ленид Болка од Соединетите Американски Држави со 2-1 по сетови 6-3, 3-6 и 6-0. Ивановски одлично го отвори мечот и брзо го освои првиот сет. Сепак, следеше голем пад, кој го искористи Американецот и израмни на 1-1.

Ивановски ја врати препознатливата форма во одлучувачкиот сет кој го доби без поголеми проблеми со 6-0. Во 2. коло нашиот најдобар тенисер за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Французинот Тепмац и Австралиецот Еванс.

Се вчитува...