Ивановски сопрен во четвртфиналето на фјучрсот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски е сопрен во четвртфиналето на фјучрс турнирот вреден 15.000 американски долари кој се игра во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Ивановски во четвртфиналето загуби од домашниот тенисер Жорда Санчиз со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-2.

Ивановски попладнево ќе одигра уште еден меч во Мадрид и тоа во полуфиналето во двојки, во кое заедно со сонародникот Марковски ќе ги одмери силите со холандската двојка Понтјодикромо-Дондерс.

Се вчитува...